Речиси 100 отсто од гласачите од окупираните територии во Украина на референдум гласаа за приклучување кон Русија

epa10199049 A Local election commission member hangs a banner 'A precinct referendum commission a referendum 17008' during preparations for a referendum to join the Russian Federation in Donetsk, Ukraine, 22 September 2022. The parliaments of the self-proclaimed Luhansk and Donetsk Peoples Republics as well as the military-civilian administrations controlled by Russia of the Kherson and Zaporizhzhia regions decided to hold referendums on the future of these territories. On 24 February 2022 Russian troops entered the Ukrainian territory in what the Russian president declared a 'Special Military Operation', starting an armed conflict that has provoked destruction and a humanitarian crisis. EPA-EFE/ALESSANDRO GUERRA

Четири региони во Украина, Доњецк и Луганск заедно со Херсонската област и дел од Запорожје гласаа за приклучување кон Русија на референдумите одржани меѓу 23 и 27 септември, соопштија руските власти, по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.

Властите на 4те области под Руска контрола објавија дека 87 отсто од оние кои учествувале во референдумот, гласале за влез во Русија, а одзивот бил 99 проценти.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека резултатите од референдумот во Донбас, Запорожје и Херсон се сосема очигледни и им посака добредојде во Русија на жителите од овие региони.

„Референдумите завршија. Резултатите се јасни. Добредојдовте дома, во Русија“, напиша Медведев на „Телеграм“.

Официјален Киев, како што многу пати беше најавено, не ги прифати овие референдуми, ниту резултатите од нив, сметајќи дека се лажни и дека луѓето во тие области биле присилени да гласаат. Претседателот на Украина Володимир Зеленски  додаде, дека со ова, веќе не постои каква било можност за мировни разговори со Русија.

„Признавањето на овие лажни референдуми од Русија како нормални, спроведувањето на таканареченото кримско сценарио и уште еден обид за анексија на украинска територија ќе значат дека нема што да се разговара со овој руски претседател“, рече Зеленски.

Од Украинското Министерство за надворешни работи соопштија дека присилувањето на луѓето на тие територии да пополнуваат некакви документи под закана со оружје е уште едно руско злосторство како дел од агресијата врз Украина.

„Овој настап нема никаква врска со изразувањето на сопствената волја и нема последици за административно-територијалниот систем на Украина и меѓународно признатите граници. Украина и меѓународната заедница ги осудуваат ваквите постапки на Русија и ги сметаат за безвредни“, се вели во соопштението.

После ваквите тензии што ги предизвика гласањето во четирите области постојат сомнежи дека рускиот претседател Владимир Путин може да ја објави анексијата на четирите региони во говорот што во петок треба да го одржи во рускиот парламент.

Бојана Златкова

Advertisements