Речиси и да нема експерт во Македонија кој се сложува со францускиот предлог

Менување на учебниците по бугарски декрет, внесување на Бугарите во Уставот како државотворен народ, откажување од Македонците во Бугарија – долг е списокот на се она што треба да проголта Македонија за Бугарија да го крене ветото. Експертите стравуваат од уште нови многу понижувања и предавства, судејќи според францускиот предлог.  

Постигнатите договори во Комисијата за историски и образовни прашања за светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, цар Самуил, богомилството како дел од „заедничката историја“ = „бугарска“ и идните договори за другите личности од македонската историја кои ќе се врамат во овој концепт и ќе станат „бугарски“ – се очекувано клучните позиции на Бугарија, рефлектирани во билатералниот протокол– вели историчарот Митко Панов.

Директорката на Институтот за комуникациски студии предупредува дека Македонија ќе го заборави фашистичкото минато на бугарската држава, а идните генерации ќе учат дека Македонците постојат само од 1945та година.

ЕУ сака да реши проблем, ќе притиска таму кај што е најтенко и каде нема отпор – а тоа сме ние  – оти ние чекаме други да ни ја решат судбината Секако дека предлогот по кој ќе постапуваат како послушни војничиња на царска Бугарија никој не го видел. И сето ова се случува, додека македонската дипломатија молчи. Нас не држат во заложништво и не силуваат континуирано. Дигнитет?! Не ме смејте – па ние не знаеме ни како се гледаат луѓето право во очи, а не па да поработиме на нашата позиција која и ја немаме! – реакира директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска.

Решението од Париз е предавство кое не смее и нема да помине, смета поранешниот министер за правда, Михајло Маневски.

Некаков протокол за предавство на Македонија!? Кој го овласти? За предавство на државата, затвор без одлагање. Ова големо предавство нема да помине. Народот ќе се дигне и тоа ќе го спречи со сета народна сила. Сите расправаат за погубниот француски убиствен предлог за Македонија. Расправа Европскиот совет, расправа  и Бугарското Собрание, а само ние чекаме!? – пишува поранешниот министер за правда Михајло Маневски.

Внесувањето на бугарските барања во преговарачката рамка, што го предвидува предлогот на Макрон, беше една од најпосакуваните опции на Бугарија. Пред се затоа што Софија ќе има одврзани раце  да не блокира на буквално секое поглавје.

Адријана Алекисеска

Поврзани вести