});

Војници на АРМ спасија шестчлено семејство во пожар

Страшен пожар избувна утрово во скопската населба Дебар маало. За голема среќа причинета е само материјална штета, а припадници на АРМ навремено дејствувале и навремено евакуирале цело семејство кое било заробено на вториот кат во куќата.

Пожарот бил забелеажн во 2 часот и 50 минути  од страна на војник кој бил дежурен на пријавницата во Генерал штабот на АРМ, тој видел дека на вториот кат од објектот има луѓе кој барале помош.

Војникот повикал пожарна служба, брза помош и полиција а 10 припадници на армијата кои биле на работа  се упатиле кон опожарената куќа и за 15 минути евакуирале 6 луѓе  од кои 4 возрасни и 2 малолетни деца.

Опожарени се 250 метри квадратни површина од ресторанот.18 пожарникари и 8 возила го гаселе пожарот се до раните утрински часови.