Репортери без граници: Во 2018 година во светот убиени се 80 новинари

Во светот 80 новинари се убиени во 2018 година во текот на извршување на својата работа во однос на 65 колку што настрадаа во 2017та, се наведува во денес објавениот годишен биланс на организацијата на Репортери без граници (РСФ).

Меѓу жртвите се 63 професионални новинари, што е за 15 отсто повеќе отколку претходната година.

Како што наведува РСФ, во 2018та настрадале 13 непрофесионални новинари, во однос на седуммина регистрирани минатата година, и четворица соработници на медиумите.

Во годишниот извештај на невладините организации со седиште во Париз се осудува „незапамтено“ ниво на насилство над новинари.