Рекордно високи температури во Австралија

Австралиските власти ги предупредија граѓаните да избегнуваат престој на отворено поради рекордно високите температури што овие денови ја зафатија земјата.

Во делови на државите Нов Јужен Велс и Западна Австралија регистрирани се ноќни температури од рекордни 33 степени Целзиусови.

Државниот метеоролошки завод соопшти дека дневните температури достигнуваат и до 45 степени.

Највисоки температури, покрај во овие делови, се очекуваат и во државите Тасманија и Викторија.

– Избегнувајте физичка активност, пијте доволно течности, тоа е најважно овој период, порача директорот за здравје во Владата на Нов Јужен Велс, Ричард Брум.