Рекордно висока стапка на вработеност во Европската Унија

Mandatory Credit: Photo by Isopix/REX/Shutterstock (8858760q) EU flags EU flags outside the European Commission, Brussels, Belgium - 06 Jun 2017

Стапката на вработени лица во Европската Унија и во еврозоната никогаш не била повисока, соопшти денеска Евростат.

Според последното истражување на Европскиот институт за статистика, околу 241 милион лица во ЕУ и 160 милиони во еврозоната, имале работно место во текот на четвртото тромесечје од изминатата година, односно дека од 2014-та година креирани се 13, 4 милиони работни места во ЕУ.

Во првото тромесечје од годинава, пак, бројот на вработени се зголемил за 0,3% во ЕУ и за 0,2% во еврозоната.

Во споредбата со истиот квартл од претходната година, зголемувањето изнесува 1,3% за ЕУ и 1,2% за еврозоната.