Рекетарска шема во Идризово-нови сведоштва на затвореници за притисоци и закани од вработени
Немој да мислиш дека сме те заборавиле, ќе се видиме за кратко – вакви пораки добивал затвореникот Тони Денковски осуден на доживотен затвор за тројно убиство во скопски ресторан. Вели дека вработени во затворската служба постојано му вршат притисок и му се закануваат. Барале пари од него. Притисоците и заканите ги пријавил во Обвинителството, но тврди дека ништо не е превземено.
Бев и пријавив се. СМС заканите, вербалните закани од вработените, буквално се ама залудно. Никој ништо не презема, вели Денковски
Пет години, како што раскажува тој трае тортурата врз него. Вели дека повеќе не може да издржи.
Пак да ја земам правдата во свои раце, вака беше и тогаш, не можев да ги трпам заканите секој ден и никој не можеше да ме заштити, залудно пријавував. И сега ли треба истото да го направам? Не се трпи повеќе ова, вели тој.
Гневен е затоа што пријавувал неколкупати, но досега никој ништо не направил да запрат заканите. Откако ја видел сторијата на Алфа во која сведочи осудениот поранешен заменик министер за култура Јанковски, решил и тој да обелодени што се случува во затворот и да ја сподели својата приказна со јавноста.
Тие што треба да се заштитат, тие се криминалците што се иззживуваат. Бев кај директорот откако му кажав за заканите после разговорот уште повеќе се засилија заканите. Тие треба да лежат во затвор бидејќи се криминалци, а не тие да го спроведуваат законот, сведочи Денковски.
Се надева дека конечно ќе се разбудат надлежните и ќе почнат да постапуваат.
Директорот на затворот Идрозово, Зоран Јовановски вели дека знае за случајот и потврди дека е пријавено. Тој појасни дека во Обвинителството има повеќе вакви предмети,односно повеќе затвореници пријавувале рекетирање, но појасни дека не ја знае точната бројка. И затворескиот директор очекува реакција од обвинителите.
Инаку Денковски е на доживотна робија откако во 2010 со каланишков усмрти тројца во познат скопски рибен ресторан. На убиството му претходеле закани по живот за него и неговото семејсство, па Денковски не можејќи да најде излез од тортурата што ја трпел подолго време, правдата според неговите искази во судница, ја земал во свои раце.
Паула Костадиноска