Река: Концептот „За република“ значи правна држава еднаква за сите

Во држава каде што граѓаните не се чувствуваат еднакви и каде имаме неодговорни политичари, како во изминативе 18 години, а тоа предизвика голем егзодус, треба да ги смениме нештата, истакна вечерва во Кичево, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река.

Река, на митингот најдолго говореше за неговиот концепт „За република“, што во основа за него значи правна држава за сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или која било друга припадност.

Заврши времето на корумпирани политичари, кои се склони на непотизмот, тоа ќе заврши на 21 април. Општество за сите, бидејќи ние постоиме како општество, ние сме дел и ќе останеме дел од ова општество, но тоа што и недостасуваше на оваа држава е Албанците да се дел од заедничката држава. Без да бидеме дел од највисоките државни структури, ние нема да бидеме еднакви, нагласи Река.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села упати критики до градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, бидејќи, како што рече, не е присутен на собирот, иако бил поканет.

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, исто така го критикуваше неприсуството на Дехари и нагласи дека Албанците ќе гласаат со дигнитет за концептот „За република“, што го нуди Река.

МИА