Резил во Загреб: На 500 жени за 8-ми март им подариле детергенти за миење садови

На меѓународниот ден на жените во Загреб се одржа Конгрес на претприемнички од Хрватска и регионот кои беа непријатно изненадени од подарокот по повод празникот од страна на организаторите.

Во вреќичка со логото на организаторот, имало ружа и детергент за миење садови, пренесуваат хрватските медиуми.

Конгресот се одржува по четврти пат, а според наведеното на страниците на организаторот, се работи за најголем деловен собир на жени бизнисменки од југоисточна Европа.

Организиран е од Град Загреб и Женскиот претприенички центар, а е под покровителство на претседателката на Хрватска и министерството за економија, труд и претприемништво.