Резбите иконостасите и слични копаничарски дела – нем сведок за македонската историја државност и идентитет

Како што пред неколку стотини години резбите во дрво оставиле сведоштво за вековниот македонскиот национален и културолошки идентитет, копаничарството и во иднина треба да остане кај народот како начин на зачувување на македонштината.  Со оваа порака го започна  разговорот најпознатиот тетовски копаничар Будимир Апостолски кој триесетина години изработува резби во неговото ателје и така остава трага од богатата македонска култура.

Македонија е загрозена од сите страни и по сите основи вклучувајќи го и јазикот и идентитетот на македонскиот народ и затоа тој смета дека и преку културата и уметноста треба силно да ја претставуваме татковината пред светот.

Сметам дека копаничарството е еден голем презентер на нашиот идентитет сметајќи дека нашите предци, нашите мајстори достоинствено ја презентирале културата односно копаничарството во светот. Тоа потврдуваат иконостасите Свети Спас, Курбиново, Свети Јован Бигорски итн – изјави Будимир Апостолски.

Со едукација на други луѓе, Буде Пишман како што е познат во Тетово, се обидува да придонесе овој начин на пренесување на македонскиот идентитет да го знаат и го практикуваат што повеќе Македонци.

Јас имам изработено шест иконостаси и две реставрации на иконостаси меѓутоа и сум горд на резбите во Музејот на македонската борба во Скопје. Библитотека ја имам изработено како резба со мои помошници. Изработени 25 метри квадаратни резба – изјави Будимир Апостолски.

Тетовскиот копаничар ги применува сите видови резба-поткопана, ажурна, плитка, длабока. Најмногу работи на дрво од орев. Голем е предизвикот е да се достигнат мајсторите чии дела од пред неколку века се уште се во македонските цркви.

Старите мајстори се бавеле исклучиво само со резбарство, си се дружеле во тајфи, работеле со години, а за разлика од денес вие знаете која е динамиката има други задоволстава, интернет, технологијата и така, што сметам дека се тоа влијае на губење, односно на вложување на време на квалитет на резба – изјави Будимир Апостолски.

Копаничарите користат специјален алат-длето и чекан и во разни форми оставаат траги во дрвото со цел да се исцрта посакуваниот лик на резбата. 

Александар Самарџиев

Advertisements

Поврзани вести