Редовно чистете ги климатизерите за да не добиете пневмонија
Голем број на научни истражувања покажале дека во неисчистените климатизери се таложат опасни бактерии кои можат да предизвикаат и сериозни нарушувања на здравјето на луѓето
Ако редовно не се чисти филтерот на климатизерите тоа може да предизвика таложење на опасни бактерии и микроорганизми кои понекогаш можат да развијат и пневмонија кај луѓето кои подолго седат во климатизирана просторија.
Бактериите лесно се пренесуваат со дишење во климатизираната просторија, а лесно се заразуваат повозрасните лица, лица со хронични белодробни заболувања и оние со намален имунитет.
Навременото лекување на ова заболување од бактеријата легионела е особено важно. Но многу поважно е редовното чистење на филтрите на апаратите за разладување.
КАТЕГОРИИ Здравје