});

Револтот на земјоделците расте, надлежните ги нема никаде

Kатастрофална година за македонското земјоделство. Организиран откуп нема, а она што се откупува се зема по минимална цена. Земјоделците со последни сили се борат за својата егзистенција. Велат за догодина кај многу култури ќе се намалат посеаните површини.

Од лошите владини политики први на удар беа производителите на бостан и домати, а веднаш по нив и производителите на пченица. Висината на откупната цена на лебното зрно беше причина и за неколкудневна конфронтација помеѓу земјоделците и надлежните.

Својот глас го дигнаа и одгледувачите на сливи. Богат род, но без откуп. Само во делчевско и радовишко над 12.000 тони сливи ќе скапат по нивите. Овоштарите тврдат дека лошата организираност во ресорното министерство ќе им ја проголта овогодинешната заработувачка.

Годинава дополнителен удар земјоделците добија и од климатските непогоди. Но за жал тоа што успеаја да го спасат од невремето им го лапна неорганизираниот откуп.

Александра Ристевска