Револтирани затвореници се забарикадирале откако им ги одзеле мобилните телефони

Двочасовна драма во штипскиот Затвор. Вчера попладне петмина затвореници се забаракадирале во еден од дневните престои на првото затворско крило. Се претпоставува дека на овој начин сакале да го искажат својот револт, откако им биле пронајдени и одземени три телефони и пет сим-картички. Додека биле забаракадирани осудениците се снимале со мобилен телефон, а потоа клипот го објавиле на социјалните мрежи. Во текот на денот на осудениците ќе им се земат изјави, по што ќе се знае вистинскат прична за вчерашната драма, вели директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров.

-Осудениците ништо не сакаа, туку на овој начин го изразуваа револтот. Ние како раководство гледавме на мирен начин, без употреба на физичка сила, да се реши целата ситуација. Со нив преговаравме околу два часа, за на мирен начин да излезат и ја отворат вратата, да немаат некакви последици, бидејќи повикување на бунт е казниво од шест месеци до три години затвор, вели Тодоров.

Додека биле во просторијата некој од нив се самоповредиле со стакло или жилети. Откако завршила драмата двајца од нив се прфрлени во штипската болница, каде им се сошиени раните. На снимката јасно може да се слушне како се жалат дека немаат никкави права.

Пред само два дена сличен инцидент имаше и во истражниот затвор Шутка, кога при редовен претрес кај лицето Јане Ченто биле пронајдени и одземени мобилен телефон, полнач и други нездоволени предмети.

По овие два случаи Управата за санкции треба да одговори на две суштински прашања. Како тоа осудениците успеале да ги прошверцуваат телефоните, но и дали се вистините шпекулациите дека се работи за корумпирани стражари кои им ги продават телефоните, за по неколку дена да им ги одземат.

Александра Ристевска