Реал подготвува рекордна сума за трансфер на Мбапе

Раководството на Реал подготвува 280 милиони евра за напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе, објави „Спорт.ес“.

Договорот на 20-годишниот Французин со парижаните важи до 30 јуни 2022 година.

Според извештаите на медиумите, тренерот на Реал, Зинедин Зидан се надева дека Мбапе ќе дојди во Мадрид.

Пари Сен-Жермен не сака да го продава талентираниот напаѓач, но одлуката може да се промени поради финансискиот фер-плеј со кој парижаните се соочуваат со тешкотии.

Во тековната сезона, Мбапе настапи на 41 натпревар за ПСЖ, постигна 36 гола и оствари 17 асистенции.

На крајот од минатата година, 20-годишниот Французин беше прогласен з анајдобар млад фудбалер на светот.

Доколку с еостварат најавите за ваков трансфер, ќе биде срушен рекордот од 222 милиони евра платени од ПСЖ на Барселона за Бразилецот Нејмар.