Реакција од ММА за односот на Бектеши

Македонската медиумска асоцијација на националните терестријални телевизии, силно и енергично реагира на повторните политички етикетирања на две наши членки, овојпат на Канал 5 и Телма.

Новинарите од телевизиските куки ТВ Канал 5 и ТВ Телма денеска на прес конференција во Владата беа навредувани и омаловажувани од министерот Крешник Бектеши кој не одговарајќи на поставени новинарски прашања на двата медиуми, обвини за наводни договорени прашања, што е апсолутно неточно, и при тоа спротивно на сите меѓународни новинарски кодекси ги обвини нашите членки дека новинарите не се таму за да прашуваат и коментираат, што сметаме дека е елементарна цензура од позиција на моќ.

Дополнително ММА смета дека ваквото однесување на Министерот Крешник Бектеши е притисок , новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста.

Укажуваме дека на медиумите треба да им се овозможи независно работење без закани и влијание и да се обезбеди слободата на говор и изразување.

Потсетуваме дека Согласно Законот за граѓанска одговорност навреда и клевета е многу јасен и прецизен и дека ги опфайа сите физички лица , вклучително и оние кои се во извршната власт, како во случајот Министерот Бектеши.

ММА очекува извинување од гореспоменатиот министер или ќе го преиспита своето однесување визави функционирањето на ова Министерство се додека е тој прв човек на истото.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста