Реакција на платформата за родова еднаквост и мрежата за заштита од дискриминација за протестот на МПЦ-ОА

Платформата за родова еднаквост и мрежата за заштита од дискриминација остро го осудуваат повикот за протест на МПЦ-ОА, закажан за утре. Велат, мешањето на црквата во овие предлог-законски решенија со кои се продолжува вековната борба за еднаквост на жените во Македонија и се решаваат сегашните проблеми со неефективниот систем за унапредување на родовата еднаквост во земјава, не претставува ништо друго освен директен упад во секуларноста на државата и непочитување на Уставот.
Додаваат дека граѓаните и граѓанките на нашата земја треба да знаат дека со донесувањето на овие закони ќе се подобрат граѓанските права и ќе се унапреди еднаквоста на жените и на родово маргинализираните групи на сограѓани.