Рашковски набавил софтвер за биометриска идентификација оти се револтирал од злоупотреба на работното време во Влада
Еден вработен во влада го злопупотребувал работното време и картичката за регистрација кој кога доаѓа, па тоа го инспирирало поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, да набави софтвер за биометриска идентификација. На денешно рочиште за завршни зборови, Рашковски и неговиот бранител го уверуваа судот дека не е виновен и дека обвинителниот акт е осмислен без ниту еден доказ за поткрепа.
- „И како пример, во Влада имаше, еден вработен, не дека само тој е причината, но како најадекватен пример, има едно лице, кој што ќе дојде ќе се куцне како да е на работа и после тоа вози такси. Сето тоа е напревено за да нема штета на буџетот на државата“ рече во својот завршен збор Драги Рашковски, обвинет во „Софтвери“.
И Рашковски и бранителот освен сведоците и вештаците, детално ги оспорија и пораките кои обвинителството ги читаше со денови пред судот. За Рашковски и неговиот адвокат на компромитирачки начин ОЈОГОКК дошло до комуникацијата помеѓу него и тајните хонарарци во Владата.
- „Изнесе дека лицава, ваделе пари и ги давале парите на некој да ми ги даде мене. Не приложи докази кога Игор Иванов и ги дал на Ирена, каде и ги дал на Ирена, не приложи докази кога Ирена му ги дала на Драги Рашковски“ рече Рашковски во завршниот збор.
- „Претседателот на Владата јасно одговори дека сите предметни јавни набавки биле предвидени во планот за јавни набавки и биле предвидени пари за нивна реализација од буџетот, 2. Генералниот секретар и тој што носи одлуки за јавни набавки, 3. Целите на јавните набавки се оправдани и се за целите за анализа и спроведување на политиките на Владата“ рече Владимир Доневски – Адвокат.
За одбраната вода не држи ниту последното дело кое му се става на товар: вадење на лажна исправа од банка, кое според обвинителството Рашковски го сторил за да ја докаже својата невиност. Во завршните зборови за „Софтвери“ паднаа и солзи.
Обвинетиот Ивица Димитровски, професор на ФИНКИ, се расплака додека го убедуваше судот дека не ја злоупотребил службената положба со учеството на спроведување на владината јавна набавка за сообраќајни прекршоци. Обвинителството во своите завршни зборови побара сите да бидат осудени и да ја надоместат штетата на буџетот што ја направиле, но и на професорите да им биде забрането да ја вршат професијата. Освен екс-ген-сек на владата, обвинети се и други шест лица кои обвнителството ги гони како соработници на Рашковски – кои со 4 постапки за јавни набавки во џеб си ставиле 300 илјади евра.
Викторија Миткова