});

Рафајловски: Не може ваква даночна реформа после тригодишна политичка криза

Даночната реформа не смее да се спроведе, не после тригодишна политичка криза, предупредува бизнисменот Горан Рафајловски, во вечерашното издание на емисијата „Во светот на бизнисот“.
– Ако е ова политика на социјалдемократија, според мене нема здрава основа, и мислам дека не треба да се спроведе, барем не вака наеднаш. Се сложувам дека рамните даноци во Република Македонија мора да завршат, но исто така нивното завршување после три години политичка криза и само некои си 6-8 месеци релативно понормално фуинкционирање, е пребрзо за ваква реформа, нагласува Рафајловски.
Тој потенцираше дека најмногу оштетени ќе бидат оние кои и досега редовно плаќале даноци, а оние кои успевале да не го прават тоа едноставно ќе продолжат.
– Излегува дека тие што цел живот плаќаат, односно плаќаме, оти на бизнис заедницата и припаѓам и јас, ќе треба сега повеќе да платиме. А тие што не плаќаат или гледаат на било каков начин да не плаќаат, ќе продолжат да не плаќаат. И ако зборуваме за праведна даночна реформа, како што сакаат да ја наречат, јас би рекол сите да плаќаат бидејќи, на асфалтот газиме сите ние, и јас газам и тој што плаќа и тој што не плаќа, сите чекаме мој термин за на лекар и плаќачите и неплаќачите, смета бизнисменот.