Расфрланиот отпад: Мотивација за апликацијата „Селектирај отпад“

Преполни контејнери, расфрлан отпад, кеси, пластика – Како да живееме во чиста и еколошка средина? За да си даде одговор на ова прашање, 30- годишниот Марио Томов дошол до идеја за апликацијата „Селектирај отпад“. Со желба за почисто утре решил да го реализира проектот кој помога при селектирање и собирање на отпад од домаќинствата.

  • Самата идеја дојде од гледањето на расфрлан отпад насекаде околу нас, исто така преполнетите контејнери, кои за жал ги има во недостиг, и кога се прополни луѓето оставаат покрај контејнерите отпад.. Така нашата идеја беше да им даваме на луѓето кеси кои што да ни ги предаваат на нас, а со тоа да се намали и самиот отпад во контејнерите, таму на пример да се остава само комуналниот отпад, додека отпадот кој што има некаква вредност, хартија, пластика, лименки кои што знаат што понатака со него“ рече Томов.

Неговата идеја била поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој, а софтверскиот код за апликацијата го кодирала „аутсорсинг “ компанија. Апликацијата сега функционира во Скопје, а исто така и во општините Валандово, Струмица и Куманово.

  • Апликацијата почна да функционира на почетокот на јули 2021 година во населбата Александрија во Влае. Сега во Скопје сме проширени на повеќе локации, во повеќе општини, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода и Аеродром. Сите заинтересирани што сакаат  да селектираат отпад може да ја симнат аплицијата на „“Google Play Store“, и таму точно да видат каде се наоѓаат локациите за пријавување и кога се термините за предавање на отпад“ раскажува за Алфа, младиот активист Томов.

Во останатите општини при собирањето отпад помагаат и Комуналните претпријатија.

  • Апликацијата функционира и во општините Валандово, Струмица и Куманово. Таму комуналните претпријатија работат со апликацијата. Заинтересираните граѓани само треба да си земат првата кеса од Комуналното претпријатие. Потоа од претпријатието доаѓаат ја земаат старата ќеса и оставаат нова“ вели Марио Томов.

Досега праксата покажува дека граѓаните сакаат да имаме почиста животна средина, голем број граѓани ја користат апликацијата вели Марио. Ги повикува сите оние кои се уште не започнале со селекција на отпад да ја инсталираат веднаш апликацијата бидејќи кој најмногу селектира добива и парични награди.

  • Дали сакаат граѓаните да имаат почиста животна средина, ја користат ли апликација? – Сакаат, и верувам дека Македонија ќе ја направиме почиста животна средина. За граѓаните кои сакаат да почнат да селектираат треба да дојдат да ја подигнат првата кеса во тој период кога сме ние на локација и подоцна со секое носење добиваат по 35 поени и се добива нова празна кеса. На секое кесе има код кое се селектира и на крај на месец одбираме топ пет селектирачи и ги наградуваме со парични награди. Прво место по 2000 денари, второ и трето по 1000 денари а четврто и петто по 500 денари“ вели Томов.

Младиот активист не застанува тука. Новата година ја почнува и со нова идеја. Па така, сега граѓаните ќе можат да собираат и електронски и електричен отпад и да ги селектираат соодветно преку апликацијата. Дополнителни поени и дополнителни финансиски средства!

Викторија Миткова

Advertisements