НАЈНОВИ ВЕСТИ

Раст на рејтингот на ВМРО- ДПМНЕ и Мицкоски, СДСМ и Ковачевски во слободен пад 

Двојно водство на ВМРО -ДПМНЕ во однос на СДСМ покажа најновата анкета на портапот на МКД.мк . Граѓаните доколку би утре би бирале Премиер , двојно повеќе му веруваат на Христијан Мицкоски отколку на Димитар Ковачевски .

На прашањето за која партија ќе гласате на следните избори,  22 отсто од оние што би излегле на гласање и  се определени  би  дале предност на ВМРО-ДПМНЕ, додека  11, 5 % за СДСМ  .  Глас за ДУИ би дале 9,2 отсто од определените гласачи.  Доколку утре се одржат избори 56,8% би излегле на гласање, а  повеќе од 43 отсо од гласачите одговориле дека нема да гласаат, не знаат за кого ќе гласаат или дека ќе го поништат ливчето.

Ако се спореди оваа анкета со онаа од февруари, се забележува дека пораснала популарноста на ВМРО – ДПМНЕ за повеќе од 1 процент , а паѓа на СДСМ за 0,9 отсто.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 12 % од испитаниците имаат доверба во лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, а 6,1 % во актуелниот премиер, а

60,9% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена.

Мицкоски има раст и во популарноста кај гласачите споредено со анкетата која беше спроведена во февруари од 11 на 12 % , а паѓа популарноста на Ковачевски од 8,2% во февруари на 6,1 отсто сега.

70,7% од гласачите на ВМРО – ДПМНЕ се против нивната партија да коалицира со ДУИ  . Половина пак од сите испитаници сметаат дека коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ  би било добро, но само 30 проценти веруваат дека би можела да функционира таква коалиција.

Податоците се собрани во периодот од 5-16 ти јуни оваа година по пат на телефонско анкетирање на 1.200 испитаници  .

Кристина Алексиеска