Расте увозот, се намалува извозот, трговскиот дефицит е најголем во изминатите осум години

Македонија сѐ повеќе увезува отколку што извезува. Во 2022 година сме потрошиле речиси 12 милијарди евра за увоз што е дури за 25 проценти повеќе од минатата година. Трговскиот дефицит достигна рекордна бројка од над 3 милијарди евра (235 747 221 илјади денари.)
Енергетската криза и недоволната стратегија на Владата за домашно производство очигледно се одразува врз економијата . Она што го зголемува увозот, во недостиг од домашни извори е купувањето на електрична енергија, нафта и природен гас. Според податоците од ДЗС, за електрична енергија, гас пареа и климатизација ,за увоз потрошени се речиси 580 милиони евра , што е 300 милиони повеќе од 2021 кога се потрошиле околу 280 милиони евра .
Трговскиот дефицит со кој се заокружи 2022 е најголем во последните осум години, реагираше и лидерорт на опозицијата Христијан Мицикоски. Според него, ова е резултат на лошите политики на Владата предводена од СДСМ и ДУИ.
Имаат две заеднички цели, лично богатење и свесно уништување на институциите на Македонија. Набргу од денес за криминалот и несовесното работење ќе има одговорност. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред, напиша Мицкоски.
Податоците велат, дека Македонија низ годините само го намалува извозот , а го зголемува увозот , што укажува на недостигот на домашно производство и ја прави земјава увозно – зависна. Ако во 2015 година процентот на покриеност на увоз со извоз бил 70, 2 % , 2022 година тој процент е 68,4 %.
ТЕЛОП Покриеност на увозот со извоз
Година Процент
2015 – 70,2%
2016 -70,9%
2017 – 73,4%
2018 – 76,5%
2019 – 76,2%
2020 – 76,1%
2021 – 71,8%
2022 – 68,4%
Според податоците од ДЗС, Македонија и извезувала повеќе од минатата година за 19 проценти. Изминатата година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Кристина Алексиеска