Расте бројот на разводи во Прилеп

Модерниот начин на живот и симнувањето на границата на поимањето на моралните вредности, инаку карактеристични за овие наши простори, а најмногу условени од слободниот пристап до социјалните мрежи, како и од заминувањето во странство на едниот или на двајцата брачни партнери, рапидно ја зголемуваат стапката на разводи во Прилеп. Според евиденцијата од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, споредено со минатата година, годинава бројот на разводи бил зголемен дури за 30 проценти, а најчести причини за тоа биле токму погоре споменатите, појаснува психолог Убавка Шипинкоска.

Според Шипинкоска, не е за занемарување и склучувањето на малолетните бракови, или на оние во поодминати години, кои многу често завршувале со развод, и тоа  уште во првите години од брачниот живот.

Исто така, загрижувачки е и тоа што младите прилепчани, се потешко се одлучуваат на брак, а се поголем е и бројот на оние кои се исселуваат надвор од земјава, така што од година во година се помал е и бројот на деца кои се запишуваат во училиштата.

 

Каролина Дурло