Расте бројот на заразени од мали сипаници

Расте бројот на заразени од мали сипаници. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, со симптоми на морбили, примени се уште две деца и еден возрасен.

На оваа клиника во моментов поради морбили хоспитализирани се 26 пациенти. Најмладиот од нив е осуммесечно бебе, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.

Досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се вкупно 2.008 лица. Од министерството за здравтсво посочуваат дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.