Расте бројот на жртви на студеното време во Полска

Бројот на жртви на студеното време во Полска достигна 62 лица, соопшти Владиниот центар за безбендост.

Вчера двајца мажи починале од хипотермија. Едниот бил 59-годишен жител на Вроцлав, а другиот 31-годишен жител на Краков, соопшти претставник на Центарот.

Локалните медиуми јавија дека сезонава во Полска се уште немало големи студови. Во последните денови температурите во земјата се малку над нулата.