Растат амбициите на Оливер Спасовски – дали фрли око на „Вила Водно“ или на „Бихаќка“?
Дали Спасовски му подготвува свилен гајтан на Ковачевски? Додека сите го седнуваат во претседателскиот кабинет на Водно, веројатно целта на првиот полицаец е да седне во тронот на Бихаќка.
Расколот во СДСМ особено за претседателски кандидат на партијата, на виделина ги извади амбициите и се чини ги разјасни позициите и конекциите внатре во партијата.
Иако цело СДСМ демантира дека се зборува за претседателски кандидат, неверојатно е на само шест месеци пред избори, владеајчака партија да не разговара за имиња.
Дека внатре врие и фракциите се повеќе ги влечат конците кон себе покажуваат и последните излегувања на министерот за внатрешни работи Спасовски, кој за едни од клучните прашања во државата оди контра неговата матична партија.
Дали во борба за поени кај граѓаните за претседателски каднидат или пак можеби во игра е недоразбирање меѓу Ковачевски и Спасовски кое датира од поодамна, не е целосно јасно. Но јасно е дека Спасовски сака да ги собере симпатиите на членовите за да го подобри својот статус и да седне на претседателска функција, дали на Водно, дали на Бихаќа, останува да видиме.
Законот за амнестија кој е предмет на разгледување на меѓународната, го следи будното око на САД, кој дополнително ги раскара власта и опозицијата е една од клучните точки за кои Спасовски оди контра одлуките на владата на Ковачевски. Како и едно од најкрупните прашања за заштита на животната средина и здравје на граѓаните односно работењето на рудникот Иловица.
- Јас искажав мој став и кажав дека тоа е мој став и јас стојам цврсто на тој став, дека со законскиот текст не се постигнуваат ефекти, рече Спасовски.
- Мојот став е јасен , Рудник во Струмица нема да има, рече Спасовски.
Се почестите јавни појавувања на Спасовски, како и поголемата заинтересираност за политичките случувања во Македонија , ја наведува јавноста да се сомнева дека министерот за внатрешни веќе отворено работи на своја кампања во рамки на СДСМ. Во време на вледеењето на поранешниот премиер Заев, најчесто изјавите кои ги имаше Спасовски беа за споведени акции, пресови во врска со министерството, за сега одеднаш минситерот да покажува интерес и за работи надвор од МВР.
Дека можеби станува збор и за внатрепартиска кавга меѓу Ковачевски и Спасовски, за која Спасовски пеј-бекот го прави малку подоцна е и информацијата која на почетокот на годинава допре до ушите на јавноста, односно дека Ковачевски сакал да ги разреши Спасовски и на негово место да постави човек кон му е нему близок.
Во овој план шефот на Илинденска, како што тогаш се пишуваше, имал поддршка и од Зечевиќ, кој сакал партијата да ја исчисти од сите кадри поставени од Заев. Поранешниот премиер пак сакал да направи пуч со цел да го сруши Ковачевски од врвот на партијата и премерската позиција, Сепак Заев барем официјално ги демантираше овие информации, немал повеќе амбиции да се враќа во политиката. А дури на иста фотографија се појави и со Ковачевски и со Спасовски.