Распадот на коалицијата на Петков – алиби и за Софија и за Брисел

Си најдоа ли бугарските власти оправдување за продолжување на блокадата за македонските интеграции? Кулминација на политичката криза во Софија се поизвесно навестува дека ветото останува и во јуни. Меѓународниот притисок дека до Европскиот самитот на крајот од месецов треба да донесе решение на билатералниот спор меѓу Македонија и Бугарија очигледно нема да ја смени состојбата. Се погласни се експертските размислувања дека распадот на коалицијата на Кирил Петков само оди во негов прилог, бидејќи пред европските челници ќе ја пренесе сликата дека во услови на политичка криза нема мандат да одлучува сам за кревање на ветото иако тоа било ветено. Оттука пак Брисел ќе има алиби за уште едно „НЕ“ за Македонија за почнување на преговорите, а Бугарија ќе поентира пред своите граѓани дека успеал да го амортизира меѓународниот притисок.

Дека блокадата за Македонија ќе трае а ветото ќе се оддржува до недоглед индиректн најави и самиот Петков, кој наметна став дека нема рок кога да биде кренато ветото за Македонија, односно дека во следните 10 години ќе направат се што пропуштиле низ годините во минатото…

А во бугарското собрание се уште трае пазарот за одржување на владејачкото мнозинство кое му е неопходно на Паертков за да опстане на власт. По примерот на македонското сценарио со одметнатите пратеници, и во соседството осуммина пратеници веќе му го свртеа грбот на шоуменот Слави Трифонов.

Во целиот хаос кој владее во Бугарија , претседателот Румен Радев не губи време па во телефонски разговор со претседателот на Европскиот Парламент Шарл Мишел притиска да остане ветото за Македонија – интеграцијата морала да биде одржлив и неповратен процес и изграден врз реални резултати.

-Бугарија е отворена за дијалог и очекува конкретни резултати, кои не можат да се земат предвид во преостанатите денови до Европскиот совет овој месец, додал претседателот.

Петмина пратеници од пратеничката група на Има таков народ веќе ги поднеле своите апликации до канцеларијата на Националното собрание и нивно присоединување кон владејачкото мнозинство.  

Ивана Соколовиќ Најдова

Поврзани вести