Расколот во ДУИ се продлабочува – Меџити остро контра Груби

Продолжуваат препукувањата во ДУИ. Нов ден, нова порака од фракционерите за оставки на Артан Груби и Бујар Османи. Безобразна злоупотреба била снимката на лидерот Али Ахмети како пее вели потпретседателот на партијата и еден од водачите на фракционерите Изет Меџити. Според него, тоа е доказ дека ДУИ дефинитивно мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и од неспособните.

  • „Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавување на истата снимка за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ. Снимањето на Али Ахмети и зачувувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неточно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните!“, пишува Меџити.

Повеќе од очигледно е дека Меџити пораката директно му ја испраќа на Груби со оглед на тоа дека на постот има поставено е принт скрин од неговата објава. Снимката дел од медиумите на албански јазик ја протолкуваа како одговор на Али Ахмети на теренските активности на фракционерите помеѓу членовите во Студеничани.

Фракционерите пред два дена почнаа да анализираат што се сработило последните две години во Студеничани и што се било погрешно направено од централната власт, во прв ред од интегративните функционери кои им се трн во око. Сепак најголем проблем за фракционерите останува што по се изгледа Али Ахмети не ги дава своите најблиски соработници, првиот вицепремиер и министерот за надворешно работи.

Викторија Миткова

Advertisements