НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рамковните вработувања што ја преполнија администрацијата се селат и во приватните фирми

За 3 години не „ги реши“ рамковните, но министерот за администрација во заминување Манчевски повторно ветува дека преостанатите 938 луѓе ќе почнат да одат на работа. Коалициските партнери во новата влада наводно се договориле да го решат овој проблем во рок од неколку месеци, во кој овие луѓе ќе биле прераспределени по работни места, а ако го одбиијат тоа, ќе им биле прекинати договорите. Манчевски е уверен дека неговиот следбеник, Јетон Шаќири, заедно со предлогот за министер за политички систем Артан Груби  ќе го затворат ова прашање. Токму кадрите на ДУИ во минатото, од јавноста беа посочувани како главни виновници кои не брзаат премногу да ги распределат кадрите што седат дома, а земаат плата.

ДУИ не се ориентира само кон вработувањата по етничка основа во администрацијата, туку и во бизнисот. Во предизборието, меѓу другото, бараше Владата да субвенционира 50% од социјалните придонеси во период од три години за секое работно место во приватните фирми кои ќе вработат некој од етничките малцинства. Нивните идеи се прифатени во програмата на новата Влада.

„Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“ – пишува во владината програма.

Инаку реформата во јавната администрација СДСМ помпезно ја најавуваше уште пред изборите во 2016-та. Планот беше јавниот сектор да се намали за 20%.

Предлозите беа да им се дадат атрактивни отпремнини на администативците, преквалификација или пак субвенции за фирмите кои ќе прифатат вакви кадри.

Бизнисот веднаш се изјасни против. Стопанските комори тврдат дека службениците се помалку продуктивни од вработените во стопанството.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста