Рамковниот договор се израмни со документите од Илинден, АСНОМ и 8. Септември

За Манифестот на АСНОМ нема место во Преамбулата на Уставот, ама има место за Охридскиот рамковен договор. Првото Заев го оправда, повикувајќи се на Преспанскиот договор, кој предвидува да нема непријателски индикации или други претензии кон Грција. А токму тоа, според Заев стоело во Манифестот – документ кој инаку е темел на македонската државотворност.
А пред само три дена, Заев на прашање на Алфа одговори дека во Преамбулата ќе бидат потврдени одлуките на АСНОМ, кои ги содржат државотворноста, самобитноста, слободата…сите запишани во основата на Манифестот. Ама сега одлучи да го нема
Но извисувањето на Манифестот, без разлика што е темел на АСНОМ , не е единствената болна точка. Заев денеска се предомисли и за впишувањето за Рамковниот договор. Неговиот партнер ДУИ притискаше за ова, но Заев пред три дена јавно му одговори дека тоа е „ширење на пандорина кутија“ и преамбициозност. Но за три дена премиерот се предмисли- Рамковниот вредело да е впишан.
Манифестот, Рамковниот, што е следно? „По усвојувањето на амандманите нема да смееме да ја пееме македонската химна“ вели професорката Гордана Силјановска.
Сето ова укажува дека ниту државните симболи не се безбедни, кога еднаш ќе се финализира преспанскиот договор- без разлика што ниту тој ниту уставните измени немаат правна основа, оти спогодбата од Нивици не е правосилна ниту е објавена во Службен весник.

Искра Коровешовска