РАМИЗ МЕРКО ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 , СИТУАЦИЈАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ВО СТРУГА ИЗЛЕГУВА ОД КОТРОЛА

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е позитивен на Ковид -19,со симптоми на опасниот вирис тој синоќа итно бил хоспитализиран на Ифективната клиника во Скопје и во моментов се наоѓа во стабилна здравствена состојба. По министерот за образование Арбер Адеми и оној за економија Крешник Бектеши, Мерко е третиот функционер на ДУИ кој се заразил со коронавирус.

Од општина Струга велат дека Мерко немал никаков контакт со администрацијата, бидејќи бил на одмор. Таму,со цел да се намали ризикот од појава и ширење на коронавирусот, веќе подолг период, секторите и одделенијата работат рестриктивно.

Дека ситуацијата со коронавирусот во Струга излегува од котрола,потврдуваат информациите кои за Алфа ги пласира, првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.Тој вели дека Струга е град со најмогу кривични пријави изречени на хотелско угостителски капацитети поради непочитување на протоколите за заштита.

– До сега имаме изречено 17 кривични пријави против сопствениците на локалите,кои и покрај тоа што сме ги санкционирале,продолжуваат да работат прекрушувајќи ги протоколите. Некои од нив ги казнуваме и по неколку пати,но попусто. Ни велат: Морам да работам, свадбата е закажана,ќе ја платам казната колку и да изнесува, ама откажување на свадби,нема, изјави Стојко Пауновски

Пауновски додава дека свадбите се одржуваат во затворен простор, без никакви запазување на протоколите, а ништо подобра не е ситуацијата ниту на локалите вдолж крајбрежјето.Никој не носи маска,не се почитува дистанца,ниту ограниченото работно време, музика трешти до раните утрински часови.Пауноски отворено кажува дека највеќе проблеми имаат со угостителските објекти чии сопственици се струшки функционери од ДУИ.

Ваква хаотична состојба резилтира со ширење на заразата-вели и директорот на струшката болница Мухамед Асани каде во моментов се лекуваат 15 лица заболени од коронавирус.И тој потенцираше дека повеќе од нив,се заразиле на свадби,веселбите и ноќните лудувања во локалите.

Инаку,од почетокот на пандемијата,заклучно со вчерашниот ден, Ковид -19 во Струга е дијагностициран кај 548 лица,а бројот на починати се искачи на 47. 

Росица Голабоска