Рамиз Мерко над сите институции, на големо работи селење на општинската зграда во заштитен објект

Игнорирајќи ги институциите, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко без око да му трепне, на голема врата го подготвува селењето на општинската администрација во86 години старото училиште “Браќа Миладиновци” кое од 2013-та година е прогласена за споменик на културата.Откако целосно ја смени внатрешноста на објектот кој е ставен под заштита на државата,ја промени фасадата,сега дворното место на училиштето го претвора во паркинг.

Од охридскиот Завод и музеј како надлежна институција велат дека уште лани инспекциските служби излегле на терен,направиле записник и донеле решение задолжувајќи го Мерко да достави проект за објектот кој на своја рака го реконстриура и адаптира онака како што му одговара.До овој момент Мерко нема доставени никаков проект, велат. Според законот за заштита на културното наследство не смее да се прават никакви интервенции без конзерваторски проекти и одобренија,а ние немаме ништо од тоа-додаваат од Завод.

Сега на потег е Управата за заштита на културни наследство која во случајов,може да поведе постапка,но од таму и покрај настојувањата, не успеавме да добиеме информација. Намерите на Мерко ги обелодени струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ.

Оваа зграда воопшто не е изложена во имотен лист, а земјиштето од истата е во државна сопственост на Р.М. со право на користње на О.У.” Браќа Миладиновци” .Изминатиов подолг период поради неговата местоположба, историска и културна вредност, е предмет на обиди за присвојување и узурпација од страна на општината, вели Ален Деребан-советник ВМРО ДПМНЕ.

Мерко уште во 2008-ма година се обидувал да присвои дел од оваа споменичка заштитена целина која покрај 86 години стара училишна зграда, ја сочинуваат и згадата на женското занаетчиско училиште изградено во 1935 и два други објекти во кои е поместено големо национало богатство од тетарскиот живот во Струга.Тие со одлука на Влада од 2014-та се во трајно короистење на Центарот на култура.

За делот од северната страна од паркот каде што своевремено е направен паркинг, од државното правобранителство ни беше укажано,ние како правен субјект да ги водиме сите спорови едноставно како да кажам, се оградија од грижата за државниот имот и државното земјиште рече Николина Велкоска-дир.на Центар за култура Струга.

Постојат шпекупации дека после сместување на општинската администрација во училиштето,тука се планира отворање на прометна сообраќајница преку узурпација на делови од зеленилото на паркот на поезијата и кејот на реката Дрим-укажуваат советниците од ВМРО ДПМНЕ,со ова велат градот на поезијата прераснува во град познат по дивоградбите и узурпацијата.

Росица Голабоска

https://youtu.be/mlrfZwLpI7k