Рама на средба со лидерите на албанските партии од Македонија- ни следува ли нова Тиранска платформа?!

Рама еднаш ги собра и во Македонија се појави Тиранската платформа, што ќе биде од новата средба останува само да чекаме. Вторник во Тирана на заедничка маса со Еди Рама повторно ќе седнат лидерите на албанските партии од Македонија, а теми за разговор ќе има многу, смета аналитичарот Агим Јонуз. Една од нив сигурно ќе бидат и уставните измени, за кои албанскиот политички блок најверојатно ќе има еден ист заеднички став, а тоа ќе биде нивно изгласување по секоја поддршка.

-Кога последен пат нели беше таква една средба испадна таа т.н. Тиранска платформа, каква платформа ќе испадне овој пат не се знае, меѓутоа зацртани се целите, што значи уставните измени, евроинтеграциите, соработката на тоа ниво. Мислам дека за Албанците не е проблем, дека они и онака без да им каже Рама ќе го гласаат сето тоа, изјави Јонуз.

Според Јонуз овие средби веќе станаа традиција, а тема на разговор таму е и состојбата на Албанците во целиот регион, Косово, Албанија, но и западниот дел од Македонија. Вели разговорите ќе бидат сериозни, албанските лидери од државава не биле повикани само на обичен ручек.

-Тоа почна да биде востановена традиција да се собираат и да се види кој каде, што, каква политика тера апропо еден заеднички дух кој владее и кој што е неодминлив во албанското ткиво. Што значи тоа, тоа значи дека можеме да очекуваме нешто оваа година, а што ќе дознаеме после таа средба. Не мислам дека сме викнати ќебачиња и не мислам дека се викнати на обичен ручек, вели Јонуз.

Албанските медиуми објавија дека на оваа средба поканети биле првите луѓе на ДУИ, Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, на БЕСА Билал Касами, како и на ДПА и Алтернатива Мендух Тачи и Африм Гаши. Од партиите на Ахмети и Таравари го потврдија своето присуство, додека останува непознато дали во Тирана ќе заминат Касами и Гаши.

Матеја Петровски

Advertisements