Ралповски за Алфа: Нема да има мир додека нема социјална правда, работникот во Македонија е на последно место

За борбата на работниците, за предизвиците, за масовното иселување и сезонската работа надвор од државата, за малите плати и под наводници големите газди, за непочитувањето на законите, за притисоците, за експлоатацијата, зборува Благоја Ралповски, првиот човек на Конфедерацијата на Слободни синдикати.

Под мотото „Ќебап за работникот, бифтек за власта“ синдикалците од Конфедерацијата слободни синдикати одржаа протестен марш во Скопје.

  • Изминатите години искажуваме какви се реалните состојби во државата во однос на работничките права и кршењето на закони и колективните договори. Не се согласуваме „ќебапче за работникот, бифтек за власта“, тоа ниту е правда, ниту е правичност, ниту еднаквост, се ќе сториме да ја доведеме правдата во Македонија, правдата во однос на социјалниот дијалог, партнерство и почитување на работничките права. Исто и за правото за пристоен живот, тоа одамна го кажавме, а се уште кубуриме, рече Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати во интервју за Алфа.

Со Благоја Ралповски разговараше Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста