Ралповски за Алфа: Власта мора да покаже сериозност и да ги прифати наште барања за повисоки плати на работниците, веднаш

Во клучните моменти кога се носи нова методологија за усогласување на платите, од владата бегаат од камерите. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој ги покани медиумите на прес конференција, си даде изјава само пред владината камера пред почетокот на настанот, а кога медиумите пристигнаа, се беше завршено. Од Конфедерацијата на слободни синдикати за Алфа велат дека власта мора да покаже сериозност, за работникот да биде задоволен, а не секојдневно да се прашува како ќе преживее. Благоја Ралповски рече дека не отстапуваат од барањата за повисоки плати веднаш.

  • Изразуам надеж оти потпишаниот документ ќе се спроведе, и тоа веднаш. Морам да кажам дека имаме најниски плати, а може да кажам дека имаме најниски во цел регион, па оправдано е што граѓаните се толку револтирани, зашто инфлацијата им ги јаде и онака ниските плати, рече меѓу другото за Алфа, претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Откако Вицепремиерот Фатмир Битиќи се прашуваше – од каде излезе барањето за 14% зголемување на платите, зачудена денеска беше и министерката за труд и социјала Јована Тренчевска. Таа по потпишувањето на националната програма за достоинствена работа по кој знае кој пат повтори дека се барало системско решение.

  • Јас не знам од каде 14 отсто кога досега не се разговараше за 14 отсто. Се разговара за систем за плати којшто ќе одговара на сите, да не заборавиме дека платите на дел од државните службеници беа зголемени во март. Сега во моментов се разговара во рамки на Економско – социјалниот совет да се најде системско решение, рече министерката.

Се работи да најдеме систем кој ќе биде во ред и за синдикатите и за работодавачите, односно и за Владата и за сите, одговори Тренчевска на новинарско прашање, по потпишувањето на Програмата за достоинствена работа Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој  присуствуваше на настанот, повтори дека „инфлацијата која минатата година според официјалните податоци е 14.

Дека работите не мрднале од мртва точка со години, пак алармираат синдикатите. Бараат да се заштити работникот за да не стане топовско месо, особено во градежништвото, бидејќи прекувремената работа е голем причинител за смртни случаи и повреди на работни места. Денеска уште еднаш вистината и ја кажаа в лице на Тренчевска.

  • Изразуваме жалење што математиката на министерката е друга. Тоа што го кажува таа избегнува само да каже 72 часа. Во спротивно се другото го потврди тоа што го велиме ние, дека работниците на тие коридори ќе работат 12 часа, дневно, 12 часа дневно ќе имаат дневен одмор и дека на крајот на неделата ќе имаат 24 часа неделен одмор. И тоа што министерката заборава да го каже во тој поглед, дека го укинаа правото неделен работен ден. Така што може лесно да се случи да не излезе државниот инспектор на контрола на терен, рече Слободан Трендафилов од ССМ.

На тој начин седум дена да работат по 12, рече тој, потсетувајќи дека во изминатиот период, повеле иницијатива на Уставен суд, токму по ова прашање и паднала одредбата во Основниот закон.

Синдикатите беа едногласни дека достоинствената работа и плата, како и достоинственото работно време, се главните столбови на една држава, што за жал кај нас ништо од тоа не се почитува. Според нив, достоинственото работно време е нападнато со 72-часовната работна недела за изградба на коридорите и тоа мора да се промени, зашто македонскиот работник и натаму останува на дното по се.

Инаку, Синдикатите и Владата уште утре ќе бараат ново решение за зголемување на платите. Состанокот ќе се одржи во Министерството за финансии, каде се очекува на иста маса да седнат со министерот Фатмир Бесими, кој треба да им каже за одржливоста на буџетот.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести