Ракометарите ќе полетаат од Келн во 19:30

По неколку одложувања во текот на денов, од ракометниот клуб „Вардар“ на нивната официјална фејсбук страница известуваат дека ракометарите конечно ќе полетаат од аеродромот во Келн во 19.30.

Тоа значи дека ракометарите по 21 часот ќе треба да пристигнат во Скопје. Тоа ќе значи и поместување на стартот на прославата на градскиот плоштад.