Разрешен е првиот човек на Агенцијата за разузнавање, Пендаровски избра нови советници и соработници

Разрешен е првиот човек на Агенција за разузнавање, Зоран Иванов, оваа одлука претседтаелот на државата Стево Пендаровски ја донел денеска, а ја објави на денешниот прв брифинг со новинарите. На местото на Зоран Иванов инаку кадар на претходникот на Пендаровски, доаѓа Еролд Муслиу, долгогодишен разузнавач. Пендаровски најави дека до крајот на месецот ќе ги екипира и тројцата членови што ќе го доекипираат  советот за национална безбедност.  Одлуката на претседателот е по 12 години советник во Мисијата на НАТО во Скопје, Блерим Кољали  да е новиот државен советник за национална безбедност. Советите за надворешна политика Пенаровски одлучил да ги добива од Гоце Карајанов дипломат и поранешен амбасадор во Москва.

Од гласноговорник на Илинденска бр.2 Миле Бошањаковски сега од се сели во Вила Водно генерален секретар или шеф во претседателскиот кабинет. Билјана Радева, пак е именувана за советничка за односи со јавноста, а до сега била дел од Британската Амбасада во Скопје како раководител на службата за комуникации и дигитална дипломатија.

Универзитетските професори Денко Малески, Беса Арифи, поранешниот министер Александар Димитров и екс амбасадорот Александар Тавчиоски ќе бидат ангажирани како надворешни советници на новиот претседател Пендаровски. Како надворешен советник во кабинетот влегува и поранешната судијка Мирјана Лазарова Трајковска.

Професорот од Правниот факултет Александар Спасов како што веќе беше објавено пак станува политички советник на Пендаровски. Како советник за односи со лицата со посебни потреби е назначена Љуљета Адеми. Тоше Зафиров е советник, Билјана Мицевска е шефица на протокол, Катерина Цаневска е советничка за медиуми.

Ивана Соколовиќ Најдова