Разочарување за дијабетичарите, ДСЗИ и МАЛМЕД да испита какви глукомери и ленти има во Македонија

Ново разочарување за дијабетичарите. Со доцнење од цели девет месеци ветените глукомери и ленни со подобар квалитет не пристигнаа во македонските инсулински аптеки. Болните од дијабетес се жалат дека тоа што го добиле е од ист бренд и постар модел. Револтирани се од поигурвањето на надлежните и бараат Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Малмед да реагираат и испитаат какви апарати и ленти пристигнуваат во Македониjа.

Ние сме шоќирани, прво глукомерот не се дели во оргинално пакување.Со оргинален баркод со соодветни ознаки,и потеклото од каде е.Второ нема испечатено упатства на албански и македонски.Има само на македонски.Трето дел од иглите се пакувани кои што се тука печатени и има и несоодветно означени.Ние апелираме на надлежните служби посебно ДСЗИ и Малмед да ги проверат медицинските помагала” – вели Диме Велев.

Дијабетичарите во нивната група реагираат на тоа што го подигнале од инсулинските аптеки:

На кого да верувам.Ова е стварно смешно.

Тоа е МЗ, гледа што е поевтино а дали е квалитетен апарат тоа е во втор план.пишуваат дијабетичарите.

Од Малмед за Алфа велат дека тие не се надлежни за квалитетот на глукомерите и лентите.Од таму велат дека Агенцијата за лекови не врши набавка на лекови и апарати, и дека се одело преку Министерството за здравство.

Испративме прашања и до ресорното министерство зошто глукомерите и летичките што биле ветени не се во Македонија, туку пристигнаа апарати и ленти со истиот квалитет од претходно. Од кабинетот на Фатмир Меџити не добивме одговор.

Иако министерот пред повеќе од еден месец вети дека во најскоро време ќе биде исполнети барањата на дијабетичарите, тие се уште се соочуваат со сериозен недостиг на ленти, игли и сензори за деца и апарати за мерење шеќер во крвта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста