НАЈНОВИ ВЕСТИ

Разочарувачки бројки: 2500 првачиња помалку се запишале оваа година, бројката ќе е поголема до крајот на септември

Иселувањето од Макединија скоро секоја година коси по неколку паралелки новозапишани првооделенци. Од министерството за образование и наука пристигнаа драматични бројки, кои велат дека годинава има нешто повеќе од 18.000 првачиња, но, оти очекуваат таа бројка да се промени.

  • „Според податок од почеток на месецов запишани се 18.142 ученика во прво одделение, но целосна бројка ќе имаме на крај на септември до кога училиштата имаат обврска да ни пратат финални извештаи за запишани ученици.“ – Информираат од Министерството за образование и наука.

Овие првични податоци покажуваат дека во спореба со минатата учебна година, има безмалку 2500 првачиња помалку, но, од МОН додаваат оти очекуваат до крајот на септеври да ги добијат списоците од сите училишта и крајната пресметка на ново запишани да се зголеми.

Социлогот Илија Ацевски вели дека бројот на новозапишани во основните училишта е највидлив индикатор за иселувањето од Македонија. Процес од кој веќе ги чуствуваме последиците.

  • „Тое е еден сигнал дека нешто се случувало последниве 20 години, последиците тек следат, сега ги чувствуваме малку лежерено, но ќе дојде момент кога ќе немаме квалификувана работна сила, кога ќе почнат да се празнат фондовите, кога ќе не удри со цела жештина.“ Појаснува професорот Ацевески.

Тој додава оти решението е во создавање перспектива за младите, а доколку тоа не почне да се случува во најскоро време, во прашање се само десетина години, кога вистински ќе ги почуствуваме последиците од демогравската катастрофа која ни се случува.

  • „Ако кај младиот човек не се создаде престава за перспектива, дека ако имам јас 15/20 години и немам перспектива за 30/40 години, што останува друго? Да го барате својот излез. Тој е најлесно, да ви се понуди перспектива некаде подалеку. Реков, тие последици сега така, малку лежерено ги чувствуваме, но за едно 10/15 години ќе ги почуствуваме со сета јачина“

Освен со мерки за спречување на иселувањето, професорот Ацевски решение гледа и во трансформација на образованието. Вели дека Македонија мора да соочи со новата реалност. За помалиот број на ученици да не удри по наставниот кадар и платите во образованието, тој решението го гледа во паралелки со помал број на ученици.

Никола Цветкоски