Различна дипломатија во Блед: Додека Пленковиќ ја бранеше Македонија, Ковачевски си раскажуваше за средби со келнери

-За билатералните прашања треба да имаме принципиелен став, каде што може да имате билатерални прашања, но ако не се поврзани со преговарачкиот процес, тогаш треба да не се разгледуваат. Мислам дека амблемски е примерот на Македонија, чекаат 15 години да го решат грчкото прашање, а сега имаат друго прашање и ова не е фер, ова е штетно за ЕУ, ова го велам јавно со години, изјави Пленковиќ.

На иста маса со Пленковиќ беше и Ковачевски, но тој си зборуваше како се сретнал со келнери од Македонија, кои работеле таму, и го молеле да ја внесе државава во Европската Унија, за да се врателе тука.

-И потоа видов неколку македонски студенти кои што работат во кафетериите и знаете што ми кажаа ве молиме направете се да ја внесете нашата земја во Европската Унија, сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја на Европската Унија, но дома, не овде во Словенија, раскажува Ковачевски во Блед, Словенија. 

Ова не е прв пат премиерот Ковачевски да даде изјави со кои предизвикува иронични и шеговити коментари во јавноста. Една од нив е кога  го спореди односот на Бугарија кон Македонија, со оној на Русија кон Украинта. Изјава за која подоцна првиот дипломат Бујар Османи, го дообјаснуваше дека не мислел така.

-Дискурсот кој се користи од страна на Бугарија кон Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа, изјави Ковачевски на 17-ти мај годинава.

Брзо потоа на друго патување во странство кај премиерот се разбуди југоносталгијата.

Дали би било можно да се создаде организација како ЕУ, само меѓу балканските земји? Имаше таква организација, се викаше Југославија. Стандардот на Југославија беше 10 пати од стандардот на Словачка, Полска, Унгарија, Бугарија, Романија заедно. А стандардот на вашите земји, затоа што тука гледам луѓе од Словачка, од Чешка сега е подобар само затоа што сте членки на ЕУ, изјави Ковачевски на 31-ви мај годинава.

Наместо да побара ЕУ построго да постапи кон Бугарија, која не испушта прилика да не уценува и условува на европскиот пат,или пак да собере конкретни гаранции од земјите членки на Унијата за влез на Македонија, Ковачевски своите патувања во странство најчесто ги користи за да бара странците да ги убедуваат ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.

Матеја Петровски

Премиер на друга држава ја бранеше Македонија, додека македонскиот премиер кажуваше анегдоти за средби со келнери. Првиот човек на хрватската Влада, Андреј Пленковиќ во Блед застана во дипломатска одбрана на Македонија, објаснувајќи дека Европската Унија пристапувала целосно нефер кон државава во однос на евроинтеграциите.

-За билатералните прашања треба да имаме принципиелен став, каде што може да имате билатерални прашања, но ако не се поврзани со преговарачкиот процес, тогаш треба да не се разгледуваат. Мислам дека амблемски е примерот на Македонија, чекаат 15 години да го решат грчкото прашање, а сега имаат друго прашање и ова не е фер, ова е штетно за ЕУ, ова го велам јавно со години, изјави Пленковиќ.

На иста маса со Пленковиќ беше и Ковачевски, но тој си зборуваше како се сретнал со келнери од Македонија, кои работеле таму, и го молеле да ја внесе државава во Европската Унија, за да се врателе тука.

-И потоа видов неколку македонски студенти кои што работат во кафетериите и знаете што ми кажаа ве молиме направете се да ја внесете нашата земја во Европската Унија, сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја на Европската Унија, но дома, не овде во Словенија, раскажува Ковачевски во Блед, Словенија. 

Ова не е прв пат премиерот Ковачевски да даде изјави со кои предизвикува иронични и шеговити коментари во јавноста. Една од нив е кога  го спореди односот на Бугарија кон Македонија, со оној на Русија кон Украинта. Изјава за која подоцна првиот дипломат Бујар Османи, го дообјаснуваше дека не мислел така.

-Дискурсот кој се користи од страна на Бугарија кон Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели особено во овој клучен период за иднината на Европа, изјави Ковачевски на 17-ти мај годинава.

Брзо потоа на друго патување во странство кај премиерот се разбуди југоносталгијата.

Дали би било можно да се создаде организација како ЕУ, само меѓу балканските земји? Имаше таква организација, се викаше Југославија. Стандардот на Југославија беше 10 пати од стандардот на Словачка, Полска, Унгарија, Бугарија, Романија заедно. А стандардот на вашите земји, затоа што тука гледам луѓе од Словачка, од Чешка сега е подобар само затоа што сте членки на ЕУ, изјави Ковачевски на 31-ви мај годинава.

Наместо да побара ЕУ построго да постапи кон Бугарија, која не испушта прилика да не уценува и условува на европскиот пат,или пак да собере конкретни гаранции од земјите членки на Унијата за влез на Македонија, Ковачевски своите патувања во странство најчесто ги користи за да бара странците да ги убедуваат ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста