Радев сака да направи жртва од Бугарија, историчарот Панов порача Софија да се откаже од негаторските тенденции

Воинствениот македонизам е нова бугарска кованица со која се прави целосна замена на тезите и на реалноста, а која се доведува во контекст на заштитата на правата на Бугарите во Македонија, но и теза дека е загрозен бугарскиот идентитет токму преку македонизмот, вака професот по историја Митко Панов ја објаснува последната порака на бугарскиот шеф Румен Радев дека нема да право компромис со Македонија за нив битните прашања. Панов е категоричен дека официјална Софија преку промената на овие тези да претстави дека правата на бугарското малцинство во Македонија се загрозени, а за сметка на тоа го негира постоењето на Македонци на бугарско тло.

Шефот на бугарската држава Румен Радев со низа провокации упатени на македонска адреса рече дека Македонија може да го продолжи патот на евроинтеграциите само доколку го искорени „воинствениот македонизам“ и доколку ги интегрира Бугарите во своето општество.
На научната трибина во Бугарија на која Гоце Делчев беше претставен како апостол на бугарската историја, и копретседавачот со бугарската историска комисија Ангел Димитров инститираше на заедничката историја која подразбирала етнички континуитет на Бугарите во Македонија од средновековието до денес, затоа професорот Панов директно му порача на Димитров, да се откаже од негаторските тенденции со кои се историски заковани во 19 век.

Иако власта нема слух за апелите на историчарите дека недозволиви се пазарења со македонската посебност, историја, јазик и култура, македонската академската фела бурно реагира дека ниту една историска комисија нема мандат да ја менуваат колективната меморија на македонскиот народ.

Ивана Соколовиќ Најдова