Пцости кон обичните вработени во Собрание- скандалозното однесување на Талат Џафери не е новина

Дали е Талат Џафери достоен за својата позиција? Нервозниот собраниски спикер со пцовки удри по вработените во собраниските служби. Активната блокада на Собранието очигледно до врв ја зголеми нервозата кај собранискиот спикер, па на крајно недоличен начин реши да удри по обичните вработени во законодавниот дом.

-Сите од служба, конкретно седници, веднаш кај мене. Покрај седници, сите позади што седат, сите до еден. Вие што сте на плата и уште си е*авате мајката овде. Ајде бегај, бегај таму, бегај! Сус бре, да ти е*ам! Што бараш ти овде? Бегај таму излези, порачува Џафери.

Автентичноста на оваа снимка која се појави на социјалните мрежи не може да се утврди, но таа не беше оспорена од самиот Талат Џафери.

Ова е само еден од многуте слични потези на собранискиот спикер. Блокадата на Собранието, го предизвика редовно да влегува во конфликт со пратениците од опозицијата.

Сепак, не само сега слични вакви епизоди Џафери си имаше и многу пати во минатото, откако седна на оваа позиција. На стартот на својот прв мандат, сакаше со обезбедување да брка пратеници од собраниската говорница.

Од позиција на претседател на Собранието, Џафери го прекрши и уставот на Македонија, говорејќи на Албански во Европскиот Парламент, иако во членот седум од македонскиот устав јасно е запишано дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, се службени за меѓународна употреба.

Шефувањето на Џафери во македонското Собрание, минува со низа скандали, а таков беше и начинот на кој што беше избран за претседател.

Скандалозното однесување беше својствено за Џафери и во времето кога беше пратеник и се степа со својот колега Орхан Ибрахими.

Талат Џафери на чело на Собранието е веќе пет години, односно од 2017-та, кога СДСМ и ДУИ се договорија спикерското место да припадне на интегративците.

Матеја Петровски

Поврзани вести