Путин со поддршка за одвојување на руските финансии од американскиот долар

Рускиот претседател Владимир Путин поддржа одвојување на финансиите од американскиот долар.

Тоа за руските медиуми го изјави раководителот на ВТБ Банка Андреј Костин, кој додава дека тој потег не значи целосно ослободување од американската валута.

Идејата за де-доларизација на руската економија во последно време е актуелно прашање, особено поради зголемените тензии по воведувањето санкции.

Костин предложи неколку начини да се промовира руската рубља во меѓународните текови.

Во мај, Путин рече дека Русија повеќе не може да му верува на финансискиот систем во кој доминира американскиот долар. Потоа додаде дека монополот на доларот е опасен за глобалната економија.

Руското Министерство за финансии веќе го поддржа планот на Костин. Министерот Максим Орешкин наведе дека улогата на американската валута веќе активно се намалува. Централната банка на Русија, исто така, се залага за политика на де-доларизација.