Путин: Повлекувањето на САД од нуклеарниот договор ќе доведе до трка во вооружување

Американското повлекување од договорот за нуклеарно разоружување ќе доведе до трка во вооружување и до исклучително опасна ситуација, оценува претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Ако таквите договори се раскинуваат, тогаш не останува ништо во поглед на ограничување на наоружувањето. Ситуацијата ќе биде, сметам, исклучително опасна. Нема да остане ништо освен трка во вооружување“, кажа Путин на конференција за новинари.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор кој пред 30 години, за време на Студената војна, го потпишаа Вашингтон и Москва. Трамп кажа дека Русија го крши тој договор, не давајќи детали или докази.

Соговорот за нуклеарни сили од краток и среден дострел кој го потпишаа САД и СССР забранува цела класа оружја – крстосувачки ракети лансирани од земја со дострел од 500 до 5.500 километри.

Договорот познат како ИНФ во 1987 година го потпишаа американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов