Путин на парадата на победата: Конфликтот со неонацистите во Украина беше неизбежен

„На крајот од минатата година, Западот отворено подготвуваше напад на Донбас и Крим, а во Киев имаше барања за нуклеарно оружје, што создаде неприфатлива закана на самата наша граница“, порача рускиот претседател Владимир Путин во говорот на Црвениот плоштад во Москва по повод „Денот на победата“. Меѓутоа, не објасни какви докази има за да ги поткрепи таквите тврдења. На ветераните им го честиташе денот на „големата победа“, со кој се прославува триумфот на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна. Путин ги обвини САД дека создаваат закана и укажа дека опасноста секојдневно расте.

„САД по распадот на Советскиот сојуз почнаа да зборуваат за својата сувереност. Ние сме поинаква земја. Се гордееме со ветераните на кои им е забрането да дојдат. Денес војниците на Донбас војуваат за својата земја заедно со руската војска. Ви се обраќам на сите сили во Донбас, војувате за наша земја и за иднина на сите нас“, рече Путин.

Рускиот претседател, меѓудругото, истакна дека нивна должност е да сторат се, за да не се повтори ужасот од Светската војна. Алудирајќи на војната во Украина истакна дека Русија одговори со превентивен отпор на агресија, и неговата одлука беше изнудена и суверена. Тој нагласи дека руските војници денес војуваат за дедовците и прадедовците, а почитта кон татковината е главната вредност, која во тоа ги води.

„Сега тука, на Црвениот плоштад, чесно стојат војници од разлини религии во нашата таковина. Наши војници, од различни националности се штитат меѓусебно на боиштата како родени браќа. Денес војувате за дедовците и прадедовците, почитта кон татковината е главна вредност – штитиме независност на Русија. Слава на нашите вооружени сили. За Русија! За победа!“, заврши Путин.

По неговиот говор започна големата воена парада на Црвениот плоштад, на која продефилираа 11 илјади војници и 131 вооружена единица. Традиционалниот воздушен перформанс е откажан поради лошите временски услови, а на трибините немаше странски гости, наводно, поради фактот што не се слави јубилејна годишнина, туку, Русија прославува 77 години од големата победа, во која тогашниот СССР изгуби 27 милиони луѓе, од кои 14 милиони цивили.

Истата се одржува во момент додека трае инвазијата во Украина, која Москва ја започна на 24 февруари и ја нарече „специјална воена операција“. Целта на инвазијата, според Москва, е денацификација и демилитаризација на Украина, како и заштита на жителите од Донбас, додека повеќето западни земји, руската интервенција ја осудија како агресија врз Украина.

Поврзани вести