Путин и Ким „разговаат за сите прашања“
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на рускиот космодром Восточни за да „разговараат за сите прашања“, според рускиот лидер.
„Ќе разговараме за сите проблеми, полека. Има време“, рече Путин, одговарајќи на прашањето дали на дневен ред ќе биде воено-техничката соработка.
На прашањето дали Москва ќе му помогне на Пјонгјанг во изградбата на сателит, тој одговори: „Затоа дојдовме во космодромот Восточни“.
Американските официјални лица предупредија дека двајцата лидери би можеле да преговараат за оружје, што би можело да доведе до тоа Пјонгјанг да ја снабдува Москва со оружје за нејзината војна против Украина, што веднаш наиде на демант од страна на Кремљ.
Ова е прво патување на Ким во странство по четири години – последен пат тој со Путин лице в лице се сретна во 2019 година.