});

Пукање среде бел ден во Тетово – маж направил сообраќајка па пукал во воздух

Нема повредени во пукањето што се случи претпладнето во Тетово, кога 57 годишен маж со пиштол пукал во воздух.На инцидентот  му предходела сообраќајка во која неговотo возило било оштетено.

Ова е местото каде утрово околу 10;35 минути се случило пукањето. Се работи за една од пофрекфентните улици, а во близина има и градинка и училиште.

Очевидци раскажуваат дека по сообраќајката, тетовецот излегол од својот автомобил и почнал да пука.

Тетовци се жалат дека не се чувствуваат безбедни. Многу инциденти и насилства низ улиците, а полиција и контроли, велат, има се помалку.

Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на причините поради кои е пукано.57 годишниот тетовец е приведен во станица. Се соочува со прекршок за нарушување на јавниот ред и мир, или пак, кривична за предизвикување општа опасност.

Милена Вуческа