ПСЖ: Против нас се шири шизофрена кампања

Од ПСЖ излегоа со официјален демант на вчерашните информации од францускиот спортски медиум „Екип“, според кои клубот планирал да ги продаде Килијан Мбапе и Нејмар, за да избегне кршење на правилата на финансискиот ферплеј.

Парижаните се под истрага дека нивните трошоци значително ги надминале приходите.

„Уште еднаш, ПСЖ се прашува кои се причините за оваа политика на „Екип“ да создава напнатост. Пишувањето е сосема неточно. И бидејќи предметното спортско издание постојано шири крајно неточни информации за случувањата во клубот, тогаш ПСЖ се чуди на шизофреното пишување на новинарите во „Екип“ и нивното раководство. Големата поддршка од страна на навивачите на стадионот и на социјалните мрежи само ја зацврстува врската меѓу Мбапе, Нејмар, Единсон Кавани и останатите фудбалери. Најуспешниот клуб во Франција уверува дека ќе продолжи да се бори преку дијалог со оваа безмилосна кампања од дезинформации, организирана против нас од „Екип“, гласи дел од текстот на соопштението.