Проф. Јанкуловски: Зад внесување на Бугарите како конститутивен народ во македонскиот Устав се крие голема замка

Тезата на Владата, која ја турка секојдневно, за амортизирање на гневот кај граѓаните, дека внесувањето на бугарите во Уставот ќе направи јасна дисктинција меѓу македонскиот и бугарскиот народ е тотално погрешна и е класичен спин, сметаат дел од експретите.

Универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски вели дека тоа што властите го промовираат нема врска со она што би се случило во реалноста доколку власта успее во намерата да ја погази волјата на народот и да направи уставни измени. Јанкуловски дециден – Владата влегува во авантура, а не е ни свесна за последиците кои ќе ја жигосаат македонската држава.

  • Влегуваме во замката која ни ја наметнаа бугарите со тезата дека треба да бидат дел од Уставот на Р.Македонија и дека имаме проблем со сопствениот идентитет иако бугарите никогаш не го одрекувале македонскиот идентитет, она што е спорно со односите со Бугарија е градењето на македонскиот идентитет кој го поврзуваат со градењето на новата држава односно тезата дека македонците се коминтерновска творба и дека со новата држава со Македонија се раѓа македонскиот идентитет на територијата за која они тврдат дека историски им припаѓа нив. Така што со една ваква дефанзивна политика влегуваме во докажување во она што сме , односно факт што не мора да го докажуваме вели Јанкуловски.

Според професорот, барањето на источниот сосед е од голем обем, односно тие бараат да бидат внесени како конститутивен народ, што го менува целиот концепт на македонската држава, како национална држава на македонскиот народ.

  • Тоа отвара прашања за кои Владата ниту е свесна ,ниту има знаење, ниту пак знаење на односот меѓу национална држава, граѓанка држава, градење на нација, граедње на држава така што овие работи се непознати очигледно за власта. Таа се обидува да протурка политика која и е наметната и која треба да се заврши, тоа е процес почнат со Преспанскиот договор и треба да заврши со договорот за добрососедство, односно со внесување на бугарите во Уставот, вели Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор

Правдањата на владата дека кога би се внеле бугарите ќе се внесат и другите народи во Уставот, според Јанкуловски не држи вода.

  • Целиот концепт на внесувањето на бугарите во Уставот, знам дека власта се обидува да тоа го прошири дека и другите народи кои живеат во Македонија бараат внесувања во уставот, дека тоа се европски вредности и практики, не е така. Затоа кажав дека граѓанскиот концепт на државата не го исклучува националниот концепт на државата и обратно, меѓутоа кога имате власт која воопшто не разбира и не размислува во тој контекс, тогаш нормално е дека Уставот ви станува еден композит на повеќе народи и се губи националниот карактер на македонската држава што е во основа и крајната цел на овој процес на обезличување на Македонија, коментира Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор.

Инаку тезата за внесувањето на бугарите во Уставот дека е во корист на Македонија, последниов месец се почесто ја промовираат челниците на Владата, почнувајќи од министерот за надворешни работи Османи, потоа првиот вицепремиер Груби, како и вицепремиерот задолжен за европски прашања Маричиќ.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста