Профил на ДУИ: Војничките униформи на УЧК ги заменија со одела и кравати, па седнаа во удобните фотелји

Војничките униформи ги заменија со одела и кравати. Ги спуштија пушките, ги фатија фотелјите, и нема сила која ќе ги натера да ги напуштат. Ова накракто е приказната за ДУИ, партијата која се формираше во 2002-ра, по воениот конфликт година порано.

Со мала пауза од две години, партијата на Али Ахмети повеќе од две децении е во власта, а последниве години стана и клучен фактор, според многумина дури и главна во власта.

-Сега ќе ви кажам како ќе функционираме, кажа Ковачевски.

-Како до сега, шепна Ахмети

-Како до сега, па кажа Ковачевски.

Растот на ДУИ започна веднаш по нејзиното формирање, по изборите во 2002-ра, Ахмети коалицираше со Бранко Црвенковски, па командантите од УЧК станаа пратеници, директори министри.

Со текот на годините интегративците добија речиси се што посакаа. Еден до тие примери е законот за територијална поделба, кој предизвика гнев кај Македонците во Струга и резултираше со големи протести.

Покрај функциите и власта, ДУИ стана и недопирлива за правосудните органи, за нив едноставно законот како да не важи. Еден ретките кои доби пресуда и тоа само условна беше сегашниот прв вицепремиер Артан Груби, бидејќи беше еден од главните организатори на инцидентите на скопското Кале во 2011-та година, по што почна неговиот пат кон политичките височини.

Генрациите се сменија, најголем дел од сегашните функционери на ДУИ, не се веќе оние кои војуваа во 2001-ва. Новите лица на Ахмети сега ги држат клучните позиции во државава. Во време на и повеќе од проблематични преговори со Бугарија, со Министерството за надворешни работи раководи Бујар Османи. Парите се во рацете на министерот за финансии Фатмир Бесими и првиот човек во економија Крешник Бектеши. За Артан Груби беше измислена и нова позиција прв вицепремиер. А една од најголемите победи на ДУИ е што го добија и нивното последно главно барање за премиер Албанец, кој на функција ќе биде во последните 100 дена од оваа Влада.

-Со задоволство сакам да ве информирам за постигнатиот договор меѓу коалицијата предводена од ДУИ и коалицијата Можеме на СДСМ, изјави Ахмети откако договори Албанец премиер.

Со победата на на ВМРО-ДПМНЕ во 2006-та, ДУИ кратко само две години замина во опозиција, но сепак на предвремените парламентарни избори во 2008 година повторно се вратија на власт.

Досега ДУИ важеше за најхармонична партија кога внатрепартиските прашања се на дневен, но и тоа се промени бидејќи Изет Меџити формираше ново политичко движење

Матеја Петровски

Advertisements