Професори: Ако држава не инвестира во образование и наука, тогаш таа држава нема иднина

Владата ќе прави дополнителни пресметки за барањата на синдикатот на УКИМ, откако пропадна денешната средба каде на иста маса седнаа професорите со премиерот. Договорено е повторно да имаат средба, за која се надеваат дека ќе има некаков епилог. Професорите се пожалија дека се помалку студенти се запишуваат на факултетите, а тоа е погубно за една држава, зашто младината иднината ја гледаат надвор од сопствената земја, која не прави ништо да ги задржи дома.

Универзитетските професори извисија. Иако добија уверување од Владата за покачување на платите – по 25% на годишно ниво, по состанокот со премиерот добиле уверување дека ќе се сретнат пак, за кога дополнително ќе се договараат. Синдикатот на Скопскиот универзитет бара надминување на исклучително тешката материјална состојба на вработените на УКИМ, бидејќи имаат најниски плати во регионот од 650 евра. Покрај овие 25%, бараат секоја година да им растат примањата, за по четири години да се достигне 100-процентно покачување.

  • Не се само платите, туку и науката, пристапот до бази, обезбедување литература, гостување во странство. Како вие ќе отидете со 650 евра во Лондон или во Париз, не можете да отидете ниту до Ниш на една конференција, изјави Ристов одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со зголемувањето на платите од 7 отсто, постигнато од СОНК, Ристов одговори дека окачувањето е минимално и дека не ја тангира, како што рече, најзагрозената категорија вработени – ненаставниот кадар.

  • Не се само платите, туку и науката, пристапот до бази, обезбедување литература, гостување во странство. Како вие ќе отидете со 650 евра во Лондон или во Париз, не можете да отидете ниту до Ниш на една конференција, изјави Ристов.

Ако една држава нема сериозен образовен систем, не може да очекува ништо добро во иднина, додаваат професорите, зашто развојот на високото образование и науката е клуч за новите генерации кои за жал ги има се помалку.

  • Точно е дека ние веќе немаме ни студенти, си одат надвор, младите ни се иселуваат, а тоа погубно за една држава која треба да се развива, вели професорот.

Синдикатот на УКИМ бара зголемување на платите уште на почетокот од летово, за што организираше предупредувачки протест пред Ректоратот на 2 јуни, а за крајот на тој месец планираше мирен протест пред Владата. Сето ова е ставено во мирување откако добија ветување дека нивните барања ќе бидат разгледани.

Борис Грујоски

Advertisements